Во време на пандемија, кога им е најпотребна, тетовци, повторно се соочуваат со недостиг на водата за пиење. Речиси две седмици, во два наврати во текот на денот има неколку часовни рестрикции. Граѓаните мора да полнат резерви, но истовремено и да внимаваат да не им се расипат ектричните уреди, како машините за перење облека и садови, особено поради фактот дека прекините настануваат во време кога има евтина струја. Бидејќи ваквата состојба воопшто не е нова за нив, тие се револтирани и прашуваат како градот под Шара нема вода?
Овој пат не се работи за дефекти, туку едноставно нема доволни количини вода во изворите, велат од Јавното комунално претпријатие. Кога ќе се нормализира водоснабдувањето завиди од временските прилики.
Иако активисти од невладините организации во повеќе наврати реагираа дека малите хидроцентрали се причина за проблемите во водоснабдувањето, премиерот Зоран Заев при неодамнешната посета на тетовскиот регион уверуваше дека тие не се причина.
Проблемот со водоснабдувањето во Тетово е децениски. Пред извесен период поради лизгање на земјиштето се случија поголеми дефекти во мрежата во Лешница, кои ги оставија граѓаните без вода за пиење со денови.
Данијела Билбилоска