Вести Македонија

Македонија со дипломатски средства да се спротивстави на геноцидот во Газа – протестен марш на граѓанската иницијатива „Сите за Палестина“

Под слоганот „Стоп на геноцидот – маршираме за Палестина“, во Скопје се одржа протестен марш во знак на солидарност со палестинскиот народ и осуда на воените злосторства и опсадата на Газа.

Граѓани се собраа пред споменикот „Симфонија на мирот“ кон владата. Организаторите на маршот од иницијативата „Сите за Палестина“ нагласија дека настанот е дел од глобалното движење на отпор и солидарност, кое има за цел да го прекине молкот на меѓународната заедница и да изврши притисок врз владите да преземат конкретни чекори против израелската окупација.

Маршот заврши пред зградата на владата со повици за признавање на Палестина и конкретна политичка акција. Организаторите најавија дека овој марш е дел од поширока кампања за политички притисок и јавна мобилизација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе