Вести Македонија Топ вести

Мултимедијални изведби, изложби, концерти, перформанси – 21-ва Бела ноќ во Скопје

Мултимедијалнии изведби, изложби, концерти, литературни читања и перформанси ќе бидат организирани вечер во рамки на 21. манифестација „Бела ноќ“ која традиционално се одржува во првата сабота од октомври. Организатори се Универзална сала и Град Скопје кои најавија разновидна културна програма и настани за кои влезот за посетителите е слободен.

„Целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена достапна за сите граѓани. „Бела ноќ“ е симбол на културната отвореност на Скопје – вечер кога улиците се исполнуваат со уметност, инспирација и дружење. Целта е да се поврзат граѓаните и уметниците преку заедничко искуство кое ја слави креативноста и културниот дух на нашиот град“, соопштија организаторите.

Настани ќе бидат организирани во Музејот на Град Скопје, Младинскиот културен центар, Културно-информативниот центар, Детскиот културен центар, Музејот на македонската борба, Домот на култура „Кочо Рацин“.

Настани ќе има и на отворено – од 20.30 часот музички перформанс на плоштадот „Филип Втори“, како и во скопската чаршија – во Сули ан ќе биде претставен француско-германскиот проект „Стара скопска чаршија: визии за иднината“ – презентација на мултимедијалните креации создадени од студентите на Факултет за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, Филозофскиот факултет, Филолошкиот факултет и Архитектонскиот факултет од Скопје. Програмата опфаќа креативни видеа, изложба на фотографии, историски наративи, литературни читања и архитектонски проекти за иднината на старата чаршија. Потоа во Сули ан ќе има концерт на електронска музика „Париз-Берлин-Скопје” со сетови на тројца диџеи.

Во програмата за „Бела ноќ“ се вклучува и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ каде што ќе биде промовирана книгата „Работилница за поправка на чувства (втора антологија на иднината)“ – збирка поезија, проза и драма на 15 млади креативци кои учествувале на  работилница за креативно пишување организирана од библиотеката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионите не се предаваат: Аргентина со пресврт го урна англискиот бедем за пласман во финалето

Sportska Redakcija

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе