Трговците на големо и мало на државата во форма на казни ќе и платат два милиони евра. Пазарните инспектори до денеска при извршените 18.000 контроли во продавниците и супермаркетите констатирале голем број на неправилности со цените на прехрамбените производи.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески најави и дека до крајот на годинавa ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои го прекршиле Законот за нефер трговски практики.
Ристески најави и креирање на бесплатен софтвер кој ќе им биде достапен на трговците за трнспарентно прикажување на цените , а граѓаните со помош на вештачка интелегенција ќе имаат можност самостојно да креират сопствена потрошувачка кошничка.
Според него Владата ја следи состојбата со инфлацијата.
Ристески кој денеска присуствуваше на деветата Текстилијада во Штип предупреди дека доколку повторно дојде до нарушуваање на животниот стандард на граѓаните, ќе следуваат нови построги мерки и санкции.
Викторија Јованова
Б.С.
