Вести Македонија

До 5 октомври рок за аплицирање за студентски оброк

Министерството за образование и наука потсетува студентите кои се заинтересирани да ја користат поволноста судентски оброк да го запазат рокот за аплицирање до петти октомври. Правото можат да го остварат редовни студенти на државни и приватни универзитети, со месечен приход понизок од минималната плата, како и студенти на постдипломски и интегрирани студии. Аплицирањето се врши електронски, а условите се достапни на веб-страницата на МОН. Можноста важи и за студенти кои не аплицирале досега или им било прекинато правото на оброк. Од ресорното министерство информираат дека поради нова регулатива, студентите ќе треба да внесуваат ПИН код при секое плаќање со картичката на ПОС терминал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реформа на пензискиот систем е неопходна, но без избрзани решенија и на штета на граѓаните, советуваат експертите

Sasko Dimovski

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата повторно го враќа Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе