Од денеска, во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатната телефонска линија, на која граѓаните можат да пријават повреди на своите права поврзани со изборниот процес.
Линијата ќе биде активна за време на целата изборна кампања, како и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори.
Сите пријави што ќе пристигнат по работното време ќе бидат снимени, а Народниот правобранител ќе постапува веднаш по нив, доставувајќи ги до надлежните институции за брзо и ефикасно постапување.
Целта е навремена заштита на избирачкото право и обезбедување фер изборен процес.
Дигитална обработка: Б.С.
