Вести Македонија Топ вести

СУТКОЗ ќе го блокира цело Скопје бидејќи вработените во Паркови и зеленило, Флораком и Луна немаат плата

Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ заедно со колегите од Флораком и Луна за денеска најавија дека ќе го блокираат сообраќајот во Скопје ако не им биде исплатена августовската плата. Од 10 до 12 часот ќе бидат затворени мостот „Гоце Делчев“ и булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“, како последно предупредување за решавање на проблемот. Претседателот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, истакна дека иако од Град Скопје биле префрлени околу 23 милиони денари, сепак недостигаат уште околу 25 милиони денари само за платите во „Паркови и зеленило“, а дополнително се потребни средства и за Флораком и Луна. Тој нагласи дека претпријатието е во тешка финансиска криза и не може да ги извршува своите основни функции. Вработените веќе протестираа неколкупати во август, а плата за јули добија дури при крајот на месецот. Од денеска поради неисплатени плати над 650 работници остануваат и без здравствено осигурување, што дополнително ја влошува нивната состојба.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе