Со обиколницата која што треба да почне да се гради на почетокот на 2026 година, ќе се растовари сообраќајот во градот, смета Марко Колев, кандидат за градоначалник на Велес од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ посветена на претстојните локални избори.
„Нашите сограѓани кои што живеат во соседната Општина Чашка, ако немаат потреба, ќе нема потреба да влегуваат во Велес. Ќе може да ја користат обиколницата. Нашите сограѓани од Оризари, Превалец, Ќерамидна и Тунелот, доколку немаат потреба да влегуваат во градот, треба да патуваат за Скопје или некое друго место, со обиколницата ќе нема потреба да влегуваат во градот. И дополнително, има шест влезови и излези за да може целата индустрија, фактички сите тешки товарни возила, на тој начин да ги извадиме од градот. Мислам дека на тој начин ќе се растовари сообраќајот во градот“, изјави Колев.
С.Д.
