Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангел Петрол со демант за истрагата во Неготино и негира било каква поврзаност со компанијата под истрага

/

Македонија

Сподели преку :

Од компанијата „Ангел Петрол“ од Неготино реагираат со демант на објавената вест на Телевизија Телма, со наслов „Претрес во фирма во Неготино поврзана со Љупчо Пецов- Ѓаволот поради сомнителни финансиски трансакции“.

-Најостро реагираме на целосно неточните и непроверените информации во кои индиректно се создава впечаток дека фирмите во кои споменатото лице има дел од сопственичката структура се поврзани со наведениот случај, велат од компанијата.

-Јасно и одговорно изјавуваме дека нашата компанија нема никаква деловна, правна ниту каква било друга поврзаност со правното лице со настаните споменати во прилогот на Телма. Објавата е целосно невистинита и предизвикува сериозна штета на нашиот углед, деловно работење и довербата во нашите клиенти и партнери, реагираат од „Ангел Петрол“.

Прилогот се однесува на претреси кои се извршиле не во „Ангел Петрол“ туку во друга фирма во Неготино која е во сопственост на странски државјани. Во претресите учествувале инспектори од Пазарниот Инспекторат и Бирото за метрологија како и припадници на финансиската полиција, а активностите се поврзани со индиции за сомнителни финансиски трансакции и несоодветен начин за пуштање во промет на масла и деривати.

Во продолжение, фотографија од демантот и линк до содржината објавена на веб сајтот на Телма (www.telma.com.mk).

КОРЕКЦИЈА: Претрес во фирма во Неготино во објект поврзан со Љупчо Пецов Ѓаволот, поради сомнителни финансиски трансакции

Насловот на статијата „Претрес во фирма во Неготино поврзана со Љупчо Пецов Ѓаволот поради сомнителни финансиски трансакции“ е променет и прецизиран по реакцијата демантот на фирмата Ангел Петрол и сега гласи „Претрес во фирма во Неготино во објект поврзан со Љупчо Пецов Ѓаволот, поради сомнителни финансиски трансакции“. (промена извршена на 30.09.2025. во 14:30) Финансиската полиција… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2