Вести Македонија Топ вести

Кандидатите за градоначалници со ветувања, граѓани со скромни очекувања од изборите

Предизборната кампања за локалните избори официјално започна, па во следните три недели македонските граѓани ќе треба да слушнат што е она што партиите им го нудат како програма и проекти за да го заслужат нивниот глас. А еве што тие очекуваат.

„Ништо конкретно да ви кажам. Ова сега е некоја рашомонијада, ќе видиме што ќе биде“, вели

„Мислам дека најмногу градот ќе добие и се ќе биде насочено кон него и дека ќе биде на подобро“,

„Сите немаат надеж. Сите знаат во колку лоша состојба е општо целава држава и не знам дали ова воопшто би се поправило за не знам колку години. Навистина е разочарувачки“,

Отпадот, сметот, јавниот превоз, мостовите, загадениот воздух… Проблемите на граѓаните изминатиот период во фокус на изборната кампања на кандидатите за градоначалници. Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова денеска најави целосна реформа на системот за собирање отпад во главниот град. Додека, пак, нејзиниот противкандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски најави реконструкција на повеќе улици и булевари.

„Скопје без диви депонии и, конечно, е дојдено време отпадот да го третираме како ресурс. Вардариште е само една од локациите во Скопје како дива депонија, покрај тоа што е и претоварна станица која што во овие четири години сериозно беше запуштена и не беа направени никакви интервенции за да се затвори како дива депонија, а да ја добие намената што треба да ја има и ја имало годините наназад, а тоа е претоварна станица“, изјави Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Град Скопје од СДСМ.

Во трка за градоначалник на Град Скопје се и неколку коалиции, независни и помали партии.

„Јавниот превоз е број еден проблем. Со него се врзуваат сите други проблеми кои можеме да ги замислиме. Нашата замисла е да има функционален јавен превоз и да се охрабри користењето на јавниот превоз за ексклузивно во градот Скопје, понатаму ќе збориме за деталите. Втората работа е борбата со загадувањето на воздухот. Граѓаните на град Скопје кои го вперуваат прстот во градот Скопје за тоа дека е инертен по повод ова прашање за загадувањето мора да види од институциите на град Скопје како одат во таа насока. Имаме многу методи за тоа како да го постигнеме , за тоа може да разговараме подробно во други прилики“, смета Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на град Скопје од Левица.

„Постојано има сеча и гранки кои што паѓаат и се сечат за зеленилото во градскиот парк да биде одржано. Но, проблемот е што ова останува вака и после не се процесира никако. Во нашата програма предвидуваме социјална мерка што токму од ова градско зеленило да се произведуваат пелети доколку ЈП „Паркови и зеленило“ отвори погон и истото можеме да ја користиме како продлабочување или унапредување на мерката против загадувањето“, Александар Трајановски кандидат за градоначалник на град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“. 

Слични ветувања стигнуваат и од кандидатите за градоначалници од партиите од албанскиот блок.

„После четири години Скопје го гледаме праведно, дигитализирано и зелено. Го гледаме со чист воздух, дигитализирано каде што услугите ќе се обезбедат со еден клик и нормално сите граѓани ќе почнат да чувствуваат дека живеат во една европска метропола. Она што е многу важно за нас е Скопје како главна точка, дигитализирано Скопје“, порача Скендер Реџепи- Зејд, кандидат за градоначалник на град Скопје од Алијанса за Национална Интеграција.

Во трката за прв човек на градот ќе се борат 16 кандидати, што е најмногу од сите општини во Македонија.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионите не се предаваат: Аргентина со пресврт го урна англискиот бедем за пласман во финалето

Sportska Redakcija

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе