Овие локални избори во многу нешта нема да бидат локални избори, иако видовме дека во двата кампуса ќе се зборува за локални проблеми, вели Миле Бошњаковски, консултант за стратешки комуникации, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Мислам дека на политичката маса во Македонија, распеделбата на политичките сили поприлично ќе зависи од ауткамот на овие избори. Карактерично, според мене, е тоа што нема да имаме традиционални противници. Во левиот блок очигледна е намерата и гледаме тука еден налет на движењето ЗНАМ со номинација на нивниот кандидат во Центар. И тука борбата, всушност, ќе биде социјалдемократите со тие што се налутија на социјалдемократите и формираа движење“, смета Бошњаковски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ е во една прилично комотна ситуација.
„Тука нема многу што да дебатираме. Но, интересно е да се види дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи нивните коалициони партнери во таа битка“, додаде Бошњаковски.
