Вести Македонија Најважни

Aхмети му порача на Мицкоски дека со кучиња оди во лов на зајци, на што тој му возврати дека не е орел, туку врапче

Кандидатите за градоначаници и носителите на советнички листи за локалните избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, но џентлменството од нивните партии траеше многу кратко. Уште неисушено мастилото од потписите, во етерот, а особено во интеренет просторот, продолжи црната кампања за локалните избори, која започна уште летото.

Па така лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски, си разменија навреди во стилот на басните и тоа само неколку часа пред стартот на кампањата – Ахмети му порача на Мицкоски дека со кучиња оди во лов на зајци, но не и на орли, на што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му возврати на Ахмети дека тој не е орел, туку обично врапче.

Покусо со реакција на изјавата на Ахмети, не останаа ниту од Вреди. Нивниот кандидат за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, на фесјбук му порача на Ахмети дека во моментот кога ги нарекол „загари“ сите Албанци кои не мислат како него, тој ја завршил политичката кариера, а неколку часа претходно од Вреди го обвинија лидерот на ДУИ и неговата партија дека се финансиски партнери на Саш мијалков и Александар Вучиќ.

Социјалдемократите пак стрелите ги насочија кон ЗНАМ. Нивниот лидер, Венко Филипче, го нарече од ЗНАМ декор во владата, чии претставници молчат за лични интереси и одработуваат и се сервилни кон ВМРО-ДПМНЕ. Од ЗНАМ не чакаа многу да му врата со иста мера порачувајќи му дека Филипче како министер бил синоним за криминал и злоупотреби – од скандалозни тендери и провизии во здравството, до неспроведени и нетранспарентни проекти како Клиничкиот центар.

И додека партиите и нивните претставници се натпреваруваат во „креативноста“ на меѓусебните навреди, омаловажувајќи ги противницте и величајќи ја сопствета чесност и грижа за граѓаните, се огласи Државната комисија за спречување на корупцијата обелоденувајќи поразителна информација – 52 проценти од институциите не ги пријавиле службените возила пред локалните избори.

„Од 879 институциите што не доставија информации, според податоците на МВР констатиравме дека 192 институции располагаат со 2.028 возила, но не доставиле никакви информации до ДКСК“, се наведува во соопштението на ДКСК.

Според податоците на Централниот регистар обврска да достават податоци имале 1.514 институции, но до денеска податоци доставиле само 635, со вкупно 6.637 службени возила.

На списокот на институции кои не ги пријавиле своите службени возила забележливо е големиот број на училишта, основни и средни, како и детски градинки, но и јавни општински претпријатија, домови на култура, има и факултети при УКИМ, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, но и државни институции.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе