Почетокот на учебната година го зголеми бројот на пациенти со респираторни заболувања. Матичните лекари исто бележат зголемен број на прегледи, па така во една смена има по 60 прегледи на пациенти со најчести симптоми главоболки, болки во кичма и зголемена температура, со клиничка слика која е речиси идентична со Ковид.
Зголемен број на прегледи и хоспитализации бележи и Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Само во изминативе две недели за 40% е зголемен бројот на амбулантски прегледи на оваа клиника. Најчесто станува збор се горнореспитарни, но веќе започнуваат и долнореспираторните заболувања и тоа најмногу кај доенчиња и деца до една година. На овие инфекции се подложни и поголеми дечиња кои сега започнуваат за прв пат да посетуваат градинка и училиште и ја имаат првата средба со инфектите.
„За среќа болничките капацитети се уште не ни се исполнети, околу 85 % од капацитетот на лежечки деца е исполнет. Инаку симптомите за кои родителите најчесто ни се обраќаат се покачена температура, кашлица, затнато ниосе и она тешко дишење или опструкциите во овој период кај децата“, изјави д-р Елена Ѓиновска- Тасевска од универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле.
- Колку од нив се на кислородна поддршка?
„Па изминатиов период имавме доста дечиња на кислородна поддршка четири до пет дечиња, во моментов се само едно до две дечиња. Се почесто гледаме бронхоопструкции, пропратени со пневмонии. Тие што се хоспитализирани се секако посериозно болни со долно ресираторни инфекти. Ретко хоспитализираме пациенти кои може амбулантски да се третираат“, додава таа.
Во меѓувреме и на Инфективната клиника расте бројот на прегледи на пациенти со респираторни инфекции. Некаде околу 100 до 150 за 24 часа. Освен респираторни инфекции има и други патологии кои што се лекуваат кај нас, меѓутоа бележиме скок на респираторни инфекции.
Имаме и хоспитализирано пациенти. Тоа се воглавно повозрасни пациенти со коморбидитети од типот на дијабет, хипертензија, кои се ризични во однос на нивните хронични заболувања. Има околу 20-ина пациенти хоспитализирано кај нас. Во моментов актуелно е дека имаме зголемен број на пациенти со Ковид-19.
Нина Стефанова
