Вести Магазин

Татковци пишуваат писма до стотици странци на кои им е потребна татковска фигура

„Многу е задоволувачки да се биде татко на луѓе кои немаат татко,“ изјави Баз Екер, 67-годишен пензиониран професор од Мичиген, кој секое утро минува часови пишувајќи писма до непознати луѓе.

Како што пишува „Вашингтон пост“, приказната започнала кога ќерката на Екер, Роузи Паулик, објавила видео на „ТикТок“ во кое открила дека нејзиниот татко цел живот ѝ пишувал писма, секој ден уште од нејзиното детство. Таа шеговито прашала дали некој друг би сакал писмо од нејзиниот татко, а наместо неколку очекувани реакции, добила стотици.

Така се родил волонтерскиот проект „Писма од татковци“, кој денес брои повеќе од десетина пензионирани татковци што пишуваат на луѓе ширум светот. Многумина од примателите никогаш не добиле писмо од свој татко или пак тагуваат по нивната смрт.

„И многу е задоволувачки да се напише писмо до луѓе кои никогаш не добиле писмо од татко“, рече Екер.

Меѓу оние што добиле писмо е и Ејми Вудс од Чатам, Англија, која минатиот месец тешко ја поднесе четиригодишнината од смртта на својот татко. Неочекувано, по пошта, ѝ пристигнало писмо со авионска марка од Мичиген. „Навистина ме потсети колку љубов имав кон мојот татко,“ изјави таа, пренесува „Вашингтон пост“.

Проектот, кој започнал како семејна шега, денес има повеќе од 1.600 барања на чекање. Само Екер досега напишал околу 350 писма. Во нив, тој споделува приказни од секојдневието – од тоа каков сендвич јадел, до сеќавања на неговите родители, но и анегдоти за кучето Перл или мачката што му ги гризела прстите на нозете.

Писмата допираат длабоко, бидејќи доаѓаат со искреност и топлина. „Му го разубави денот на татко ти“, му напиша сопругата на Екер откако тој го доби прво писмо со благодарност од непознат примател.

Паулик, која работи во областа на комуникациите, најави дека сака проектот да го регистрира како непрофитна организација за да опфати уште повеќе луѓе. „Пошта што ќе ве насмее или расплаче, на добар начин“, стои на веб-страницата на иницијативата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Електронска порака од директорката на УЈП, го одложи закажаниот протест

Дејан Дејан

Следниот месец стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Михајло го известувал Дејан за дојави на контроли од МВР и од УЈП – рочиште за „Пулс“ со докази од вештачења на телефони

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе