Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОРЕКЦИЈА: Претрес во фирма во Неготино во објект поврзан со Љупчо Пецов Ѓаволот, поради сомнителни финансиски трансакции

/

Македонија

Сподели преку :

Насловот на статијата „Претрес во фирма во Неготино поврзана со Љупчо Пецов Ѓаволот поради сомнителни финансиски трансакции“ е променет и прецизиран по реакцијата демантот на фирмата Ангел Петрол и сега гласи „Претрес во фирма во Неготино во објект поврзан со Љупчо Пецов Ѓаволот, поради сомнителни финансиски трансакции“. (промена извршена на 30.09.2025. во 14:30)

Финансиската полиција заедно со инспектори од државниот пазарен инспекторат и Бирото за метрологија во четвртокот извршиле претрес во фирма во Неготино поради сомнителни финансиски трансакции и несоодветен начин за пуштање во промет на масла и деривати, потврдиja за Телма од истражните органи.

Станува збор за фирма која се наоѓа во Неготино, во објект поврзан со осомничениот Љупчо Пецов Ѓаволот каде има и складови за деривати и антикороизвни масла.

Надлежните велат дека станува збор за предистрага активирана по финасиско-разузнавачки информации кои повеќе од две години не биле процесуирани.

При претресот, инспекторите имале проблем да влезат во објектот бидејќи вработените тврделе дека немаат клуч и дека клучот е кај сопствениците кои живеат во централно-европаска држава односно земја членка на ЕУ.

Претресот е направен при што се одземени потребни документи за проверка во предистрагата за сомнежи во фирмата во Неготино.

Ангел Петрол со демант за истрагата во Неготино и негира било каква поврзаност со компанијата под истрага

Од компанијата „Ангел Петрол“ од Неготино реагираат со демант на објавената вест на Телевизија Телма, со наслов „Претрес во фирма во Неготино поврзана со Љупчо Пецов- Ѓаволот поради сомнителни финансиски трансакции“. -Најостро реагираме на целосно неточните и непроверените информации во кои индиректно се создава впечаток дека фирмите во кои споменатото лице има дел од сопственичката… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2