Од полноќ официјално започнува 20-дневната изборна кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, со евентуален втор круг за градоначалници на 2 ноември. Овие избори се осми по ред од независноста на Македонија и четврти на кои граѓаните ќе гласаат директно за градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.
Гласањето ќе се одвива на 3.480 избирачки места низ целата држава. Во 132 од нив има помалку од 10 гласачи, па гласањето за тие лица ќе биде префрлено на најблиските избирачки места. Буџетот за одржување на изборите изнесува 9,76 милиони евра, од кои две третини се наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање, додека остатокот покрива трошоци за надоместоци на избирачките одбори, транспорт и логистика.
Според Изборниот законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа, се состои од 10 општини со поделени надлежности.
Претходните локални избори се одржале во 1996, 2000, 2005, 2009, 2013, 2017 и 2021 година.
