Во масовен руски воздушен напад врз Украина што траеше повеќе од 12 часа, загинаа најмалку четири лица, а над 40 се повредени, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Меѓу жртвите во Киев има и 12-годишно девојче, а тешко погодени беа и региони како Запорожје, Суми, Миколаив, Чернихив и Одеса.
Зеленски ги осуди нападите како „подли“ и најави одмазда. Според него, нападот бил извршен со речиси 600 дронови и десетици ракети.
Во Запорожје се повредени 16 лица, меѓу кои и три деца, додека во Суми загина 59-годишен маж.
Погодени се и цивилни објекти како Институтот за кардиологија во Киев, фабрика за гума, пекарници и станбени згради.
Зеленски порача дека Украина ќе одговори силно и побара поддршка од Европа и САД.
Меѓувреме, Русија ги негира обвиненијата за повреди на воздушниот простор на НАТО-држави, иако Полска, Данска, Естонија и Романија веќе пријавија вакви инциденти.
НАТО ги засили своите одбранбени активности на источниот фронт.
