Вести Локални избори 2025 Македонија Најважни

Мицкоски и Филипче со политички пораки пред стартот на кампањата

Почнува нова изборна кампања, а тоа е уште еден нов испит. Кампањата е обид да се преточат визијата и идеите во зборови, симболи и дела, што ќе стигнат практично до едно срце, им порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на кандидатите за градоначалници, кои денеска беа промовирани во Штип, на два дена пред официјалниот стар на кампањата за Локалните избори.

Мотивирачки говор со неколку поенти упатени за обврските, одговорноста и должностите кои треба да ги имаат кандидатите за градоначалници кон граѓаните, а меѓу кои и пораката-вашиот мандат е договор со граѓаните, службата е чест, но и обврска .

Додека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски ги промовираше кандидатите за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери во Штип, од Скопје лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче со пораката дека очекува кампњата да биде фер.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски од Штип порача дека народот очекува подобар живот, сигурност, правда и перспектива, да не биде излажан и третиран како средство, туку како цел за чија благосостојба мора да се работи одговорно. Најави и дека во фокусот на Владата во наредниот период се два приоритет, а тоа  е борбата против корупцијата и како до подобар животен стандард за граѓаните.

-Нема напредок без чесност. Нема правда без одговорност. Корупцијата е данок врз сиромашните – и мора да ја искорениме.

Ќе биде или ПРАВДА И РЕД, или нема да ја биде државата, потенцираше Мицкоски.

На денешната промција на кандидатите за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ присуствува раководството на партијата, коалиционите партнери, поранешни министри, пратеници и членови.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре ќе се знае дали ќе се укине забраната за употреба на водата во Крушево

Sasko Dimovski

Парното повторно поскапува, овој пат до 6 отсто – ќе се намалат ли проблемите оваа зима

Дејан Дејан

Стоилковиќ: Вандализам врз српско културно друштво во Куманово

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе