Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија вечерва одржа конвенција на која ги претстави кандидатите за градоначалници и листите на советници.
На овие локални избори, партијата ќе има свои кандидати за градоначалници во Куманово, и во општина Центар.
Од ЗНАМ информираат дека се поднесени кандидатури со листи на советници составени од квалитетни и докажани личности во повеќе од 50 општини низ целата држава.
- „Време е уште еднаш да покажеме дека знаеме како да обезбедиме подобар живот за граѓаните онаму каде што е најважно во градовите, селата, населбите, маалата“ истакнуваат од партијата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
