На овие избори поинтересна е битката меѓу албанските политички партии каде што ќе решава, не само квалитетот на градоначалниците туку и односот на централната власт.
За дел од општините, аналитичарите сметаат дека постои пазар за гласови.
- Постои трговско-политичка размена околу тоа кој која општина да ја добие, со затскриени игри од типот ние ќе повлечеме или нема да излеземе таму со кандидати и т.н. можеби не е ново, туку е премногу очигледно, рече меѓу другото во вечерашната Топ Тема Иво Ранѓеловиќ.
- Кај албанскиот дел таму имаме сериозно незадоволство и препукување по националните теми, кое не е предизвикано од страна на опозицијата, туку од постапките кои ги има преземено оваа влада во однос на правниот и политичкиот статус на Албанците, истакна политичкиот аналитичар Сефер Селими.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
