Kордалов во разговорот во емисијата Топ Тема смета дека кандидатите на претстојните локални избори ќе испробаат нова црна кампања која ќе биде базирана на лични и партиски дискфалификации. Според него ваквите кампањи не водат никаде, но за жал дека во идните 20-30 дена ќе се видат поескалирачки наративи.
Политичките партии прават свои анализи кои теми им се поблиски, па на тој начин и ги прават кампањите. „Повеќе слушаме за “ланскиот снег“ отколку за локалните избори“ вели Кордалов.
Да нема дупки по улиците, чист воздух, да има пешаците каде да поминат се основни работи кои луѓето би сакале да ги чујат, а не да слушаат за евроинтеграции кои воопшто немаат поврзаност со локалните избори. Кордалов додава дека непознавање на имињата на советниците по општините многу сведочи за состојбите во истите.
