Од денеска стапуваат на сила измените во Законот за безбедност во сообраќајот, со кои се воведуваат нови казни за пешаци, велосипедисти и возачи на електрични тротинети кои користат мобилен телефон или слушалки додека се движат.
Пешак кој преминува улица со телефон во рака или на уво ќе плати казна од 40 евра, додека возење тротинет или мотор со користење електронски уред ќе се казнува со 50 евра.
Со новите правила, пешаците се должни да се движат внимателно и да не користат уреди што им го намалуваат вниманието при преминување коловоз или велосипедска патека, со цел зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
