Вести Македонија Најважни

Секој 10-ти прегледан пациент е испратен на дополнително испитување – продолжува скринингот на населението во Трубарево

Скринингот на населението во Трубарево продолжи и денеска. Два мобилни пункта се поставени со тимови на лекари од Клиниката за пулмологија и вршат преглед на мештаните кој опфаќа мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет и се прави селекција кому му е потребен дополнителен преглед и анализа, вклучувајќи детални испитувања кои ќе бидат направени на Клиниката за пулмологија.

Во текот на вчерашниот ден, според официјалните податоци од министерството за здравство, секој 10-ти прегледан пациент бил испратен на дополнително испитување.

„Според првичните податоци од терен, на двата пункта во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2. Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации во грлото, поради што тие се упатени на дополнителни испитувања во Клиниката за пулмологија“, информираат од министерството за здравство.

Според протоколот на здравство, скрининг ќе се направи уште два пати, по три и по шест месеци, за да се споредат ефектите од загадувањето на воздухот по пожарот за отпад во Трубарево. Засега нема најавено скрининг за пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на овој пожар, но и на пожарот во отпадот во скопско Визбегово.

Мештаните во Трубарево тврдат дека наутро и навечер сè уште се чувствува силна миризба која доаѓа од отпадот, но и дека повремено се јавува чад, па и оган. Експертите предупредуваат дека иако се затрупани со земја, оштетените во пожар литиумски батерии сè уште горат и ослободуваат опасни гасови. Вчера два камиона дополнително затрупуваа простор под кој се наоѓаат батериите, а пожарникарска екипа со една цистерна дежура во кругот на отпадот на „Ф групација“.

Обвинителството отвори истрага за кривично дело „Загрозување на животната средина и природа со отпад“ со која се опфатени фирмата „Ф групација“, Марјанчо Дамевски, сопственик на компаниите „Нула отпад“ и „Ле Ман“, неговата ќерка Лора Дамевска и уште две лица. На Дамевски му е одреден 30-дневен притвор додека на останатите осомничени им е изречена мерката куќен притвор.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

За Иран Ормутскиот теснец е затворен додека за САД е отворен – контрадикторни ставови за состојбата на поморскиот премин

Tea Dimkovska

По смртта на градежниот работник во Трубарево инспекторатот за труд го затвори градилиштето

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе