Вести Македонија

ГРОМ изразува згрозеност од одлуката на АМВУ за исклучување на Левица од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) изразува згрозеност од последната одлука на АВМУ за исклучување на политичката партија Левица од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за претстојните локални избори. Во соопштението на ГРОМ се наведува дека „исклучувањето на Левица е скандалозно и недозволиво за земја членка на НАТО и држава кандидат за членство во Европската Унија“.

„Па нели, како напредуваме кон ЕУ и во НАТО, треба да ги зголемуваме демократските капацитети на општеството, а ние напротив, создаваме тоталитарен систем својствен за други општества и други времиња. Ја осудуваме ваквата одлука на АВМУ, зошто ГРОМ бара фер избори без насилие, без медиумска злоупотреба и со еднаква шанса за сите. Целта на државното финансирање на медиумската кампања на изборите е да се овозможи медиумски простор и на помалите политички партии, на независни кандидати, со цел да се поттикне плурализмот, да се подигне демократскиот капацитет на општеството и граѓаните да имаат поголема понуда и да направат вистински избор“, се вели во соопштението на ГРОМ.

Од ГРОМ обвинуваат и за секојдневно узурпирањее на медиумскиот простор од владеачката партија.

„Милионски суми зема од државата за финансирање на партијата, а сега и милионски суми за рекламирање. Со медумска окупација и елимирање на политичките противници на нечесен начин, животниот стандард, бизнис климата, безбедноста на граѓаните, правната држава, животната средина и целокупниот животен амбиент нема да станат подобри, туку напротив, шарените лаги ќе дојдат уште повеќе до израз“, велат од ГРОМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Уапсен скопјанец кој се бараше со потерница за затворска казна од една и пол година

Sasko Dimovski

Зајкова во Телма интервју: Електронското гласање е спин за да не се направи една изборна единица и да не се воведат отворени листи

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе