Вести Економија Топ вести

Старт на грејна сезона со послабо парно – поради ремонт на цевка во Бугарија ќе се намали испораката

Поради сервисирање на цевка за гас во Бугарија, можно е грејната сезона да стартува со послабо греење. Од Номагас за Телма соопштија дека за ваквиот ремонт на главната мрежа преку која се испорачува гасот во земјава, ги известиле и ЕСМ и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од Електрани за Телма потврдија дека од Номагас добиле известување дека од 13-ти до 17-ти октомври ќе има прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава.

„Во изминатиот период компанијата е во постојана комуникација со Номагас, како и сите релевантни институции во согласност со регулативата и очекуваме расположлива количина на гас во преносниот гасоводен систем да ги задоволи потребите за квалитетна испорака на топлинска енергија, согласно надворешните температури. Доколку во преносниот гасоводен систем со кој управува Номагас не се обезбедат номинираните количини, можна е намалена испорака на топлинска енергија, но само во деновите од 15 до 17 октомври“, се вели во дописот од ЕСМ.

Со ваква ситуација се соочивме и пред крајот на грејната сезона. Исто, поради технички зафати на цевка во Бугарија, се намали испораката на гас, поради што последните денови од грејната сезона од ЕСМ известија дека ќе има помала испорака.

Пред неколку дена, пак, пред самиот старт на грејната сезона, во Министерството за енергетика имало состанок на кои присуствувале и главните менаџери на енергетските компании. Меѓу главните точки за дискусија била токму новата грејната сезона.

Официјално почнува на 15 октомври. Но, по 1 октомври испораката може да се случи секој ден ако надворешните температури се еднакви или се под 12 степени.

Градско парно користат над 60.000 домаќинства. Трите компании на ЕСМ, пак, кои го менаџираат греењето се на листата на Министерството за финансии со доспеани, а неплатени обврски.

Во меѓувреме, Регулаторна треба да се донесе и нова цена за пренос и дистрибуција на струја. До крајот на месецов, РКЕ треба да ги добие потребните документи од МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција, па потоа ќе се носи одлука.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе