Движењето „Ниту една повеќе!“ за денеска во 18 часот најавува блокада пред паркот „Жена Борец“ во Скопје. Акцијата има за цел гласно да се зборува за еднаквост и живот без насилство врз жените. Движењето ги истакнува стравовите и гневот поради недостатокот на заштита за жените во земјата, како и потребата за правда и промени во системот. Целта на блокадата е да се создаде јавен простор за дијалог и солидарност, како и да се побара одговорност од институциите. „Ниту една повеќе!“ инсистира на законски, институционални и општествени промени за да се спречи насилството врз жените. Повод за протестот е последното во низата убиства, убиството на на Росица Коцева од Велес и нејзиниот татко, застрелани од поранешниот партнер Илија, кој потоа извршил и самоубиство.
„Ниту една повеќе“повикува на блокада против насилството врз жените
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
