Професорката Рената Дескоска во објава на Фејсбук вели дека семејството на трагично убиената Росица од Велес има право да ја тужи државата заради неисполнување на обврските за заштита на жртвите од насилство.
- „Не смее случајот во Велес да се затвори само затоа што убиецот е мртов,“ напиша Дескоска, нагласувајќи дека е потребна целосна истрага за да се утврди институционалната одговорност.
Таа предупреди дека државата не смее да се правда со „дупки во законите“, туку мора проактивно да делува во заштита на жртвите.
Дескоска додаде дека најблиските на Росица имаат легално и морално право да бараат надомест на штета за прекршување на домашните закони и Европската конвенција за човекови права, доколку се утврди институционален пропуст.
