Дел од азиските земји се погодени од тајфунот Рагаса, кој пред неколку денови беше прогласен за најсилната бура за оваа година.
Тајфунот предизвика смртоносни поплави во Тајван каде над 100 луѓе се водат за исчезнати. Истовремено, има и 14 жртви.
Сега, пак, зафаќа делови од Кина каде речиси 2 милиони лица биле евакуирани. Во десет градови, надлежните ги затвориле училиштата, компаниите и фабриките, во очекување на големата катастрофа. Тајфунот направи пустош и на Филипините. Брзината на ветрот од тајфунот во Хонгконг била дури 168 километри на час.
