Вести Македонија

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

„Јас лично им се извинив. Таму има 11 вработени кои работат една третина од денот го трошат и условите се надвор од минимални. Ако влезете таму се враќате 50 години назад, инфраструктурно и со опрема внатре и технологија. Во моментот и да сакаме да инвестираме во таа институција нема да можеме. Вие спомнавте дека имаме јавно приватно партнерство со една приватна компанија до 2019 година, оттогаш досега компанијата инвестирала во една здравствена установа, за стерилизација, и земена е под менаџирање пералната во Клиничкиот центар“, изјави Азир Алиу, министерот за здравство. 

Aлиу вели дека од Државниот санитарен инспекторат го изсвестиле во писмена форма дека фирмата не ги задоволувала минималните услови.

„Седнавме со компанијата денеска, таа денеска достави писмено барање за да може да се отстапи таа институција, односно пералната и да може со такво барање и извештај. Јас денес ја известив Владата дека понатаму со институцијата ќе се справуваме“, додаде Алиу. 

СОЗР на Клинички со министерството за здравство ќе раководи со пералната додаде Алиу.

Поради изборите, не може да се отвораат постапки за јавни набавки, па овој проблем ќе мора да се реши по нивно завршување рече министерот за здравство. Сепак тој дополнително додаде дека проблемот ќе биде надминат, со локалните перални кои ги имаат некои од клиниките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори Канада – над 800 активни пожари, најголем дел се надвор од контрола

Sasko Dimovski

Кос со осуда на изјавата на српската министерка Пауновиќ дека етнички би го исчистила Косово во 1998 година да била на местото на Милошевиќ

Sasko Dimovski

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе