Вести Свет Топ вести

Најбогатиот Индиец купил руска нафта за 33 милијарди долари – САД бесни

Компанијата „Рилајанс Индустрис“ (Reliance Industries) купила нафта од Русија во вредност од речиси 33 милијарди долари од почетокот на војната во Украина. Ова го откриваат интерните владини податоци до кои дојде „Вашингтон пост“.

„Рилајанс Индустрис“ е сопственост на индискиот милијардер Мукеш Амбани кој е најбогат човек во Азија и чие богатство се проценува на 100 милијарди долари. Неговиот конгломерат е деловно присутен во, речиси, сите сегменти на индиската економија. Крунскиот бисер на царството е одделот за преработка на сирова нафта кој последните години набавува значителни количини од Русија по намалени цени. Тоа претставува благодет за Амбани и спас за Москва во време на меѓународна изолација.

Како што неговото богатство растеше, Амбани градеше односи со политичката орбита на Трамп. Тој присуствуваше на неговата инаугурација, а ќерката на Трамп, Иванка и нејзиниот сопруг беа гости на свадбата на синот на Амбани минатата година. Сега, додека тензиите меѓу Трамп и индискиот премиер Нарендра Моди се фокусираат на руската нафта, Амбани се наоѓа во незгодна позиција.

„Тоа се 33 милијарди долари кои одат за Кремљ“, рече Том Китинџ, директор на Центарот за финансии и безбедност при британскиот тинк-тенк „Ројал Јунајтед Сервисис Институт“ (Royal United Services Institute).

„Рилајанс индустрис“ соопшти дека нејзините „купувања на руска нафта не одразуваат политичка позиција во врска со конфликтот“, додавајќи дека купувањата „секогаш биле во целосна согласност со меѓународните прописи“. Исто така, се осврна и на фактот дека од ноември лани, најмалку 17 санкционирани танкери се закотвиле во нивното пристаниште во Сики.

„Санкциите на Велика Британија и ЕУ немаат екстериторијална примена и експлицитно не се однесуваат на субјекти надвор од Велика Британија и ЕУ. Поради оваа причина, „Рилајанс“ може да прифати такви бродови за испораки на нафта“, се вели во соопштението.

Податоците покажуваат драматично зголемување на купувањата. Во 2021 година, „Рилајанс“ купила руска нафта во вредност од само 85 милиони долари. Во 2022 година, таа бројка скокнала на 5,5 милијарди долари, достигнувајќи врв во 2023 година од 11,7 милијарди долари. До средината на август оваа година, купувањата достигнаа 6,2 милијарди долари. Во декември, компанијата потпиша и 10-годишен договор со руската државна компанија „Роснефт“, вреден 13 милијарди долари годишно.

Овие наоди нудат најјасна слика досега за улогата на „Рилајанс“ во помагањето на Москва да ги надмине западните санкции. Трамп минатиот месец изјави дека индиските купувања на нафта „ја напојуваат воената машина на Русија“ и ја удвои царинската стапка за Индија на 50 проценти. Индиската влада, пак, истакнува дека купувањето не е нелегално и забележува дека американските претставници претходно ги охрабрувале да купуваат руска нафта, со цел да ги стабилизираат глобалните цени. Стејт департментот ги нарече царините на Трамп „неправедни, неоправдани и неразумни“.

Американските преговарачи го посетија Њу Делхи минатата недела, но руската нафта останува главна пречка во трговските разговори. Индиските преговарачи наводно приватно изјавиле дека се подготвени да ги намалат купувањата, но не можат да го објават ова јавно од страв од домашни политички реакции.

Фото: youtube/printscreen

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе