Вести Економија Најважни

Тишина од должниците – наплатени само 530.000 евра од 16 милиони евра долг кон ЕСМ

Само половина милион евра успеал да наплати ЕСМ од државните и јавни институции кои должат за струја и парно. Вкупната сума, пак, која тие треба да ја вратат во касата на електрани е над 16 милиони евра.

Според заклучокот на Владата донесен на крајот од јули, институциите беа задолени во рок од три месеци да ги платат овие пари. Од ЕСМ за Телма соопштија дека сите институции се известени и дека има можност да им се даде шанса на сите оние кои имаат интерес, да го враќаат долгот на рати. За тоа веќе неколку институции склучиле договор со ЕСМ Продажба. Но, од должниците за парно засега никој не побарал да стави потпис на таква спогодба.

Клинички центар „Мајка Тереза“ е еден од оние кои најмногу треба да плати за струја. Од Службата за општи и заеднички работи за Телма изјавија дека се обидуваат да најдат начин како полека да ја чистат наталожената сума. Во моментов ги разгледувале понудите од банките за да земат кредит.

Од документот до кој дојде Телма може да се види дека станува збор за над 200 институции кои имаат долгови за парно и струја кон државните електрани.

На листата се најдоа министерства, универзитети, училишта, агенции, јавни комунални претпријатија, болници од речиси сите градови, студентски домови, железнички претпријатија, општини и други.

ЕСМ веќе извесен период се обидува да ја подобри својата ликвидност. Од последните податоци на Министерството за финансии може да се види дека имаат доспеани, а неплатени обврски од над 57 милиони евра, а загубите надминуваат 45 милиони евра.

Па така, ЕСМ сега се обидуваат да ги врати парите од должниците за да можат да им платат на оние кои им тропаат на врата. Инаку, долговите на јавните, државните претпријатија и општините се нешто за што со години се зборува. Последно тие достигнаа скоро 700 милиони евра. Дел од експертите прокоментираа дека оваа бројка е резултат на злоупотреби, а за надминување на проблемот предлагаат воведување на Закон за фискална одговорност и измени на домашната регулатива.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

Sasko Dimovski

Трамп со барање до Конгресот: Одобрете 87 милијарди долари за трошоците од војната со Иран

Sasko Dimovski

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе