Вести Свет Топ вести

Орбан: Eвентуалното членство на Украина во ЕУ би значело вовлекување на ЕУ во војната

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека евентуалното членство на Украина во Европската Унија би значело вовлекување на ЕУ во војната.

Говорејќи на отворањето на есенската седница на унгарскиот парламент, тој истакна дека со влезот на Украина, „воената реалност ќе стане дел од Унијата“.

Орбан посочи дека покрај безбедносните ризици, пристапувањето на Украина ќе предизвика економски колапс, нарушување на земјоделскиот систем во ЕУ и пренасочување на развојните фондови.

  • „Унгарија би преминала од нето-примател во нето-донатор, а тоа не е прифатливо“, нагласи тој, додавајќи дека милиони Унгарци веќе го изразиле својот став против ова преку национална консултација.

Во обраќањето, Орбан ја критикуваше Европската Унија за, како што рече, недостиг на визија и капацитет за глобално лидерство.

Повтори дека Унгарија ќе продолжи да се спротивставува на миграциските политики на Брисел и ќе остане „остров на мир и безбедност“.

Во завршницата, тој ја пофали соработката со Кина и Русија, посочувајќи дека иднината на Унгарија гледа повеќе кон Истокот, отколку кон Брисел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе