Ивет Купер, министерката за надворешни работи на Велика Бриранија изјави дека го предупредила Израел да не презема чекори за анексија на делови од Западниот Брег како одмазда за признавањето палестинска држава од страна на Лондон.
Изјавата на Купер дадена за британскиот национален сервис Би-би-си доаѓа пред денешната конференција во Обединетите нации (ОН) во Њујорк, на која ќе присуствува таа, и на која се очекува Франција и други држави да соопштат дека формално ја признаваат палестинската државност.
Британскиот премиер, Кир Стармер, вчера официјално објави дека Лондон признава палестинска држава, а истото, во координирани изјави го сторија и Канада, Австралија и Португалија.
Со жестока реакција се јави премиерот Бенјамин Нетанјаху кој кажа дека ова е огромна награда за тероризмот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека палестинска држава „нема да се случи“ и дека оние земји што ја признале даваат „огромна награда на тероризмот“. -Имам јасна порака до оние лидери кои признаваат палестинска држава по ужасниот масакр на 7 октомври – вие давате огромна награда на тероризмот, рече Нетанјаху во видео изјава. Тој нагласи… Продолжи со читање

За време на денешната Конференција на ОН во Њујорк неколку земји планираат формално да признаат палестинска држава, што се организира пред годишниот собир на светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации. Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на конференцијата на ОН заедно со Саудиска Арабија, која започнува во 15 часот (19 часот по Гринич),… Продолжи со читање












