Поткрепена со своите влијателни мрежи и со моќ споредлива со онаа на една држава, фармацевтската индустрија може самата да ги одредува здравствените политики на владите. Некои лаборатории успеваат да ја насочат научната истражувачка работа, финансирањето и јавните рефундации кон нивните најскапи третмани – понекогаш на штета на здравјето на пациентите. Лаборатории се прогласени за одговорни бидејќи долго време ги криеле сериозните зависнички или несакани ефекти на нивните лекови. Битката против ковид-19 само ја засили жедта на лабораториите за профит.
Во изминатите 10 години, пејзажот на индустријата за лекови е драматично трансформиран. Неколку фармацевтски компании ја држат во свои раце производството на поголемиот дел од лековите. Во првите пет на светско ниво се швајцарскиот Новартис, двата американски гиганти Фајзер и Џонсон & Џонсон, потоа Рош – другата швајцарска компанија и францускиот гигант Санофи. Со по околу 100.000 вработени, овие мултинационални компании присутни на глобалниот пазар се оние што вообичаено ги нарекуваме „Big Pharma“.
https://boutique.arte.tv/detail/big_pharma_labos_tout_puissants?srsltid=AfmBOorndwftxJ6vrIh1P-1zz-9qM_FyLOKMyjcdhiu4Krdo1KFNhEKt
