Вести Свет

Фон дер Лајен му вети на Трамп: ЕУ ќе престане да купува руска нафта и гас

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му ветила на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европската унија ќе го забрза прекинот на купувањето руска нафта и гас. Во објава на платформата „Х“, Фон дер Лајен соопшти дека во телефонски разговор со Трамп договориле зајакнување на санкциите против Русија, а Европската комисија наскоро ќе го претстави 19-тиот пакет мерки. Новите санкции ќе се фокусираат на криптовалутите, банките и енергетскиот сектор. „Воената економија на Русија, поддржана од приходите од фосилни горива, го финансира крвопролевањето во Украина. За да се стави крај на ова, ќе предложиме со забрзано укинување на увозот на руски фосилни горива“, напиша Фон дер Лајен. ЕУ веќе драстично го намали увозот на руска нафта – од 29% во 2021 година на 2% во 2025 година. Целосен прекин е предвиден до 2027 година, но Брисел сега сака да ја оствари целта и порано.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе