Израелската армија соопшти дека очекува офанзивата во градот Газа да трае „неколку месеци“, во првата проценка за временската рамка на остварување на планот за преземање на контролата на најнаселениот град во палестинската територија. Според портпаролот на израелските одбранбени сили, бригадниот генерал, Ефи Дефрин, операциите ќе траат се додека целите на војната не бидат остварени, бидејќи еврејската држава не е ограничена со време.
„Наша проценка е дека ќе ни требаат неколку месеци за да го обезбедиме градот и неговите центри на гравитација и дополнителни месеци за да целосно го исчистиме градот од длабоката и вкоренета инфраструктура на терор“ – изјави Дефрин.
Организацијата на Обединетите Нации предупреди дека планот на Израел да изврши офанзива и окупација на градот Газа, присилува околу еден милион Палестинци на принудно раселување.
Според последната официјална израелска проценка, околу 320 000 Палестинци досега го напуштиле градот.
