Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ ќе предложи законски измени со кои се предвидува делото подметнивање пожар да се третира како акт на тероризам, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој меѓу другото рече дека пак за дело одложување отпад надвор од депонија ќе се предложи кривично дело за кое казната затвор би била над 5 години.
Видовте утрово, се појави снимка како се случува подметнување пожар во Пинтија, бев континуирано на линија со градоначалникот на Општина Кисела Вода и со министерот и со луѓето од ППЕ, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.
- „Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време дека за жал постојат центри на моќ коишто се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите и одговорот на прашањето кому тоа му одговара мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите“, истакна Мицкоски.
