Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во петок резултати за тешки метали во воздухот по пожарот во Трубарево

/

Македонија

Сподели преку :

Што дишеле жителите на Скопје во саботата по пожарот во отпадот во Трубарево и дали и колку имало честички на тешки метали во воздухот ќе се знае во петок. Засега нема информација ниту критичниот ден колку и каков отпад бил складиран во погонот за рециклажа на „Ф групација“ во Трубарево.

Она што е познато е дека во саботата имало зголемено количество на гасови во воздухот и дека квалитетот на воздухот константно се мери пред мерки станици кои се поставени во близина.На денешниот брифинг во министерството за животна средина надлежните повторија дека фирмата имала валидна лиценца и дозвола за работа а надзорите покажале дека ги исполнува законски пропишаните стандарди.

Во овој погон дневно можело да се складира 20 тони неопасен и 500 килограми опасен отпад односно литиумски батерии. Меѓутоа колкава количина имало во саботата во 13 часот кога избува пожарот надлежните не знаат. Додаваат дека фирмата водела дневна, неделна, месечна евиденција на влез и излез на отпад и дека редовно доставувала годишни извештаи. Во последните две години тие извезле 800 тони отпад во Хрватска и Бугарија кој не можел да биде рециклиран во Македонија.

Зголемено присуство на гасови во воздухот се регистрирани во саботата и делумно во неделата но клучното количината на честички на тешки метали кои чадот ги разнесе во воздухот над Скопје ќе се анализира до петок. Засега не се земени примероци од почвата бидејќи треба да заврши полицискиот увид.

Од ИЈЗ пак соопштија дека примероци на вода за пиење подигнати од Трубарево покажале дека нема присуство на тешки метали.

Сепак научната фела предупредува тие преставуваат сериозен ризик по здравјето на граѓаните, може да се задржат во почвата и да се пренесат преку подземни водии затоа треба да се земат примероци од почвата во неколку радиуси на оддалеченост во правец по кој се движеше чадот.

Од Државниот инспекторат соопштија дека во државата има околу 50 отпади за складирање и рециклирање но само 15 инспектори за животна средина кои во моментот работат на трите случаи во Скопје – Трубарево, Дрисла и Вардариште и дека во текот на неделата ќе направат вонреден надзор на сите капацитети.

Огнен Чанчаревиќ

За една недела резултати од мерењата на Амбикон во Трубарево

Уредите на лабораторијата животна средина Амбикон од штипскиот Универзитет почнаа да го мерат воздухот во Трубарево околу фабриката за рециклирање на електронски отпад и пластика. 5 дена 24 часа на ден со два типа на уреди се собираат честички на филтри а потоа ќе бидат анализирани во лабораторија. Прелиминарните резултати ќе се знаат за една недела. Ќе се анализираат 32 елементи од натриум до ураниум. За да се утврди колкава е зоната на контаминација потребни се дополнителни информации,… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2