Арман Дуплантис го освои златниот трофеј на Светскиот шампионат во атлетика што се одржува во Токио.
Шведскиот гениј во скок со стап вечерва во јапонската престолнина прескокна 6 метри и 30 сантиметри и како по обичај за само еден сантиметар го надмина сопственото најдобро постигнување.
За Дуплантис ова е трет златен медал на Светските првенства, а по 14. пат во кариерата поставува нов светски рекорд.
Неговата доминација почнува од 2020 кога го надмина рекордот на Рено Лавилени, кој и вечерва беше дел од големото финале. Тогаш Дуплантис прескокна 617 сантиметри ја почнува доминацијата во оваа дисциплина.
Сребрениот медал му припадна на Гркот, Емануел Каралис додека трет е Куртис Маршал од Австралија.
ФОТО: Игор Паневски









