Ќе се олеснуваат условите за добивање станбен кредит за купување на прв стан. Гувернерот на Народната банка Слевевски соопшти дека од први декември оние кои го немаат решено станбеното прашање, кои немаат имот на свое име, а претежно се млади лица и млади брачни парови ќе можат да добија станбен кредит со 10 отсто учество наместо сегашните 15.
Во овој случај останува условот, ратата на кредитот да биде 55 отсто од вкупните приходи кои ги има кредитобарателот.
Во вториот случај они кои сакаат да купат втор стан кој нема да им биде основа за живеење учеството се зголемува од 15 на 25 отсто, но месечната рата се спушта на најмногу 50 отсто од вкупните приходи на кредитобарателот. Ако има обид за измама во тој случај банката веднаш ќе ги промени условите.
Што може да се случи, сте добиле само со 10 проценти учество кредит и се утврди дека не го купувате објектот по условите кои што се пријавени за живеење, банката веднаш ќе ви побара да влезете во другата категорија и ќе треба веднаш да доплатите уште 15 проценти од вредноста на станот и тоа може да биде многу серозно, изјави гувернерот на Народна банка, Трајко Славевски
Со оглед на тоа што претходно гувернерот кажа дека според информациите кои ги добива 50 отсто од становите се купуваат во кеш, останува да се види дали ваквите промени ќе помогнат да се стабилизираат цените во овој сектор бидејќи има делови од Скопје каде квадрат достигнува и до 3.000 евра.
Ние очекуваме стабилизирање на цените затоа што како што видовте и во изминатата година и во првата половина годинава имавме двоцифрен раст, додава Славевски
Пописот во 2021 година покажа дека во Скопје има скоро 60 илјади празни станови, најмногу во Центар. Но од тогаш се изградени неколку илјади нови.
Ирена Чачкова
