Вести Свет Топ вести

Немате поим што ослободивте низ оваа земја и светот, порача сопругата на убиениот Чарли Кирк

Американскиот конзервативен активист Чарли Кирк беше убиен за време на јавен настап во САД, а неговата сопруга Ерика порача дека бил мета поради идеалите што ги бранел, пренесе Си-Ен-Ен.

Чарли го убија затоа што проповедаше патриотизам, вера и милосрдна љубов кон Бог, рече Ерика Кирк. Таа додаде дека движењето на нејзиниот покоен сопруг ќе продолжи да живее и да се бори за вредностите што тој ги застапуваше.

Кирк на 10 септември беше застрелан во вратот додека држеше говор пред околу 3.000 студенти на Универзитетот Јута Вали.

Во говор одржан во седиштето на организацијата на Кирк, Turning Point USA, Ерика Кирк им се обрати и на оние што ги нарече „злосторници“.

Немате поим каква огнена вистина запаливте во оваа сопруга, плачот на оваа вдовица ќе одекнува низ светот како боен повик. Секој треба да го знае ова: ако мислевте дека мисијата на мојот сопруг беше моќна порано, немате поим, немате поим што ослободивте низ оваа земја и светот токму сега, нагласи таа.

Вдовицата на Кирк најави дека турнејата на нејзиниот сопруг низ американските универзитети ќе продолжи оваа есен и во наредните години, како и неговиот поткаст.

Шефот на ФБИ, Кеш Пател вчера потврди дека осомничениот убиец на Чарли Кирк, кој е идентификуван како Тајлер Робинсон (22), е уапсен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Sonja Petrusevska

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе