Вести Економија Свет

Швајцарски банки одбиле над 35 отсто од барањата за потрошувачки кредити

„Швајцарските банки во 2024 година одбиле рекордни 35,5 отсто од барањата за потрошувачки кредити, објави порталот „Кредитферглајх“, повикувајќи се на податоците од централниот регистар на кредитни информации.

Станува збор за пораст во однос на претходната година, кога стапката на одбивање изнесуваше 30,8 отсто, пренесе „Свисинфо“.

Главна причина за одбивањето е недоволната солвентност на клиентите. Вкупната вредност на активните договори за потрошувачки кредити значително е намалена, што покажува дека построгата кредитна политика веќе има силно влијание врз пазарот.

Според експертот на „Кредитферглајх“, Јоахим Келмел, уделот на одбиени барања е највисок во историјата, а намалувањето на обемот на трансакциите покажува дека пазарот во 2024 година не само што е помал, туку е и многу поселективен“ пишува МИА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкција: Правда за земјоделие или за МВР?

Дејан Дејан

„Пулс“ почнал со работа, иако во континуитет не исполнувал услови, кажа обвинителката на денешното рочиште кое на моменти беше тензично

Sasko Dimovski

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе