Jaвното претпријатие Дрисла соопштува дека е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување.
Споре претпријатието сите тековни активности се извршуваат согласно техничко –
технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата на животната средина,
здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките законски прописи.
„Апелираме до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон истрага за
изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои се сомневаме дека се
политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми. Депонија Дрисла без вакви
намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки
стандарди“ соопштуваат од ЈП Дрисла.

Дел од Скопје утрово се разбуди во магла и загаден воздух. Во населбите Аеродром, Ново Лисиче видливста е намалена како да е зимско утро, вредностите на ПМ 10 и ПМ 2,5 се во црвената зона, а во воздухот и понатаму се чувствува мирис на изгорено. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов… Продолжи со читање

Премиерот Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања денес, за загадениот воздух рече дека Министерството за внатрешни работи ќе се занимава со проблемот поврзан со депониите. „Нелегалната депонија Вардариште е обезбедена, а депонијата Дрисла иако во текот на вчерашниот ден беше речиси санирана, од некои чудни причини при крајот на ноќта повторно се распламти. Затоа со… Продолжи со читање













