Во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш загинаа тројца работници, а две лица се повредени.
Несреќата се случи утринава кога комбито кое ги превезувало работниците излетало од мостот на Балталиска река во близина на село Лакавица.
Медицинскиот тим на Итната медицинска помош на лице место констатирале смрт на две лица, третиот работник е реанимиран, но подлегнал на повредите.
Според првичните информации станува збор за работници од Бангладеш.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев изјави дека во моментов е хоспитализарно едно лице, на кое во моментов му се прават прегледи од лекарите.
Викторија Јованова

Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска река на експресниот пат Штип-Радовиш. Според првичните информации има починати и повредени лица. Дознаваме дека работниците во комбето биле од Бангладеш. Во моментов на терен се две возила на Итната медицинска помош, тим од пожарникарите на ТППЕ-Штип и полициски службеници од штипската полициската станица. Продолжи со читање













