Вести Македонија Најважни

(видео)Скопските населби Лисиче и Аеродром се гушат во магла и чад

Дел од Скопје утрово се разбуди во магла и загаден воздух. Во населбите Аеродром, Ново Лисиче видливста е намалена како да е зимско утро,  вредностите на ПМ 10 и ПМ 2,5 се во црвената зона, а во воздухот и понатаму се чувствува мирис на изгорено.

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов смета дека ова не е чад, туку магла која е вообичаена за овој период од годината.

„Јас живеам во РЦ Аеродром. Очигледно е дека надвор има магла. Но магла има и во повеќе други делови од државата односно има насекаде каде што тоа е вообичаено за овој период од годината“, напиша Ангелов во Вибер групата преку која комуницира со новинарите.

Еве ја информација која тој ја сподели:

  • „УХМР околу 8.30 ќе излезе со официјална информација на кои места во државата има магла. Очекувам оваа магла да исчезне за неколку часа, а најверојатно и побрзо. Чадењето од депонијата Дрисла е сеуште присутно но во многу помал обем и не е причина за маглата.  За да избегнеме полемики дали воздухот е дополнително загаден од депонијата Дрисла, упатувам да се побара официјална информација од надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање каде постои Одделение за мониторинг на квалитет на воздух. Исто така квалитетот на воздухот може да се провери преку интернет каде се достапни различни мерачи на квалитетот на воздухот на повеќе локации низ Скопје но укажувам дека дел од нив се неофицијални односно не се баждарени. Официјални податоци можат да се добијат на следниот линк: http://air.moepp.gov.mk

Во однос на состојбата на депонијата Дрисла, Ангелов информира дека во текот на вчерашниот ден бил затрупан дел од просторот на депонијата од кој имаше чадење, а денес затрупувањето продолжува со засилено темпо, бидејки вчера беа извршени неколку логистички зафати кои овозможуваат полесен и побрз пристап до критичната точка.

Дивата депонија Вардариште е целосно изгасната и од неа нема никакво чадење, тврди Ангелов и најавува детални информации во текот на денот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Чибишев: Суицидални се дури 95 отсто од случаите на труење на Токсикологија

Tea Dimkovska

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе