Регулаторна комисија побрзо да добива податоци од пазарната инспекција, за тоа кои трговци со нафта и нафтени деривати на големо, ги исполнуваат условите за добивање или за продолжување на лиценците.
Oва е договорено со државниот пазарен инспекторат.
Ваквте чекори се прават поради тоа што има измени во критериумите кои треба да ги исполнуваат од овој сектор, а со тоа што регулаторната комисија ќе добие побрзо податоци од имнспекторатот, целиот процес на издавање или продолжување на лиценците би се забрзал.
Од регулаторна велат дека годинава повеќе од трговците од овој сектор треба да ги продолжат лиценците. Рокот на важност од десет години е изминат, и сега треба да се обноват.
Од комисијата велат дека пазарен и до сега ги правеле проверките и дека во тој дел не бил забележан проблем со недостаток на кадар.
Пазарниот инспекторат надлежен е и да врши проверка и на квалитетот на горивата преку земање на мостри.
