Вести Македонија Најважни

АНБ не им ги покажала документите со посочени злоупотреби на пратениците кои беа во надзор на тајната служба и добија кесенце со вино од Агенцијата

АНБ не им ги покажала документите со посочени злоупотреби на пратениците кои беа во надзор на тајната служба и добија кесенце со вино од Агенцијата

Собранието соопшти дека АНБ не им ги дала на увид документите кои според раководството на Агенцијата содржат информации за злоупотреби во тајната служба. Од АНБ се повикале на истрагата на обвинителството за случајот, а без разлика што пратениците имаат сертификат и обврска за надзор не дознале за што конкретно станува збор.

-Директорот информираше и дека се доставени известувања до надлежно Јавно обвинителство кое постапува во конкретниот случај. Од тие причини пратениците немаа можност за увид во документацијата, се вели во соопштението на Собранието.

И покрај непокажаните документи, Собранието преку соопштението констатира „неправилности и недостатоци, односно за непрофесионалното и незаконито постапување во Агенцијата, во периодот од 2019 година до 2024 година“  и во врска со тоа ги информирал директорот на АНБ Бојан Христовски.

На средбата на пратениците со раководството на АНБ, за надзор врз тајните служби било разговарано и за обвинителството, велат од Собранието.

-Дополнително, разговарано беше и за потребата од институционално постапување и решавање на предметите во врска со доставените известувања до надлежното Јавно обвинителство во согласност со законската регулатива и утврдените постапки од една страна и важноста и потребата за остварувањето на суштински надзор над работењето на Агенцијата од собраниската Комисија од друга страна, соопшти Собранието.

На средбата членовите на Комисијата биле информирани и за други теми и активности на АНБ, како и за оние што се преземаат за „подобрување на условите за работа и отстранување на недостатоците во работењето.“

Иако јавноста очекуваше одговори за случајот за следење јавни личности и политичари, всушност АНБ не им ги дало ниту спорните документи на пратениците задолжени за надзор. Минатата недела, владеачките пратеници инсистираа брз да се направи надозрна посета на тајната служба АНБ, но и покрај драмата во собраниските кулоари- АНБ не им дозволи увид во документите.

Иако не добиле информации, раководството на АНБ предводено од директорот Христовски, на пратениците им подели сини украсни кесички со шишиња вино кои според тендерската документација, тајната служба ги платила по 590 денари.

Дополнително надзорот е извршен само од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и една пратеничка од СДСМ бидејќи двајца опозициски претставници во комисијата (од Европски Фронт и Левица) и еден пратеник од Вреди немаат безбедносни сертификати и со месеци чекаат одговори токму од АНБ која треба да ја контролираат.

Миомир Серафиновиќ

Со вино брендирано со амблем на АНБ и многу тајни информации- пратениците од надзорот низ задна врата со комбе и без споделување детали за злоупотреби заминаа oд кругот на МВР

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе