Вести Култура

Целосниот проект за реконструкција на Македониумот ќе биде завршен до средината на 2026

Целосниот проект за реконструкција на споменикот Мекедониум над Крушево, кој е симбол на македонската борба за слобода, ќе биде готов до средината на идната година. Ова денеска го кажа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, при посетата на споменикот заедно со директорката на Заводот и музеј од Прилеп, Мимоза Христоска. Според Љутков, Министерството за култура и туризам, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, уште минатата година извршиле теренски увид и подготвиле проект за интервентна заштита на споменикот, во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација треба да започне во текот на оваа година.

  • Паралелно, заедно со директорката на НУ Завод и Музеј – Прилеп, Мимоза Ристеска, уште минатата година направивме план за изработка на целосен проект за реконструкција на „Македониумот“. Во моментов се работи на сеопфатна документација за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс. Очекуваме проектот да биде завршен до средината на 2026 година, рече Љутков.

По финализирање на проектот и добивање на сите потребни дозволи, ќе започне реализацијата на овој капитален проект. Министерството за култура и туризам, врз основа на пресметката, во текот на следната година ќе ја утврди динамиката и моделот на финансирање за целосната реконструкција, кажа министерот.

Тој потсети дека реконструкцијата на овој споменик на културата започнала уште во 2014 година, кога биле реализирани повеќе активности, меѓу кои : Санација на потпорните ѕидови, обнова на фасадите, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, наместо да се продолжи со завршување на проектот, во 2017 година тогашната влада одлучила да го симне скелето и да ги прекине сите активности, оставајќи го објектот незаштитен. На тоа бевме сведоци сите – особено граѓаните на Крушево, а последиците од таа негрижа се очигледни и денес, кажа министерот.

Автори на споменикот Македониум се брачниот пар уметници , Јордан Грабулоски и Искра Грабул. Споменикот беше откриен на 2 Август 1974 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го повика Путин на директни разговори за крај на војната – дојди слободно во Москва, одговори Кремљ

Igor Trajkov

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – Мицкоски со Макрон во Тиват

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе