Вести Свет Топ вести

Полска: Ќе го активираме Членот 4 од НАТО

Полскиот премиер Доналд Туск најави дека Полска ќе го активира Членот 4 од Повелбата на НАТО, односно ќе побара формални консултации во рамките на Алијансата.

Тој потврди дека овој потег е договорен меѓу него и претседателот Карол Навроцки.

Членот 4 гласи: „Странките ќе се консултираат меѓусебно кога, според мислењето на било која од нив, ќе биде загрозен територијалниот интегритет, политичката независност или безбедноста на било која од странките.“

Членот 4 е одвоен од Членот 5, кој претставува изјава дека напад на една членка се смета за напад врз сите.

Туск порача дека ја цени секоја изразена солидарност, но дека „зборовите не се доволни“ и дека Полска ќе побара „многу поголема“ поддршка од своите сојузници во НАТО.

Според архивите на НАТО, Членот 4 досега бил активиран само седум пати од основањето на Алијансата во 1949 година. Последен пат беше активиран во 2022 година, кога четири земји-членки – Полска, Естонија, Латвија и Литванија – побараа консултации поради руската инвазија врз Украина.

Претходни активации на Членот 4 имаше на барање на  Турција во 2020 година, по убиството на десетици турски војници во напад од сириските владини сили во подрачја на северна Сирија под контрола на опозицијата.

2015 – Турција, за да го информира сојузот за нејзиниот одговор на терористички напади во земјата.

2014 – Полска, поради руската окупација на делови од украинската територија.

2012 – Турција, откако турски воен авион беше соборен над северна Сирија.

2012 – Турција, откако турски цивили беа убиени од сириско гранатирање.

2003 – Турција, кога побара помош од НАТО за заштита на своето население од можни последици од војната во соседен Ирак.

ЕУ: Русија изврши невидена повреда на европскиот воздушен простор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе