Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ: Русија изврши невидена повреда на европскиот воздушен простор

/

Свет

Сподели преку :

Европската унија остро ја осуди Русија поради повредата на полскиот воздушен простор со дронови, кои беа соборени од страна на Полска и нејзини НАТО-сојузници.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Европа е во „целосна солидарност со Полска“ и додаде дека се работи за „невидена повреда“ на воздушниот простор на Полска и Европа од страна на повеќе од 10 руски дронови тип Шахед.

Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека „полскиот воздушен простор бил нарушен од голем број руски дронови“ и дека сите кои претставувале директна закана биле соборени.

Министрот за одбрана Владаслав Кошиниак-Камиш изјави дека повеќе од 10 дронови ја преминале границата, а Полска добила поддршка од НАТО и Холандските воздухопловни сили со ангажман на F-35 борбени авиони.

Белорусија, пак, тврди дека ги предупредила Полјаците за приближување на дронови, кои наводно се „изгубиле поради електронско пречки“.

Според белорускиот Генералштаб, дел од дроновите биле соборени и над белоруска територија, а двете страни – Полска и Белорусија – размениле информации за „неидентификувани летала“.

Белорускиот генерал Павел Муравејко рече дека соработката со Полска и балтичките земји ќе продолжи.

Полска собори руски дронови кои ја нарушија нејзината воздушна зона

Голем број руски дронови ја нарушија воздушната зона на Полска за време на масовен напад врз западна Украина, потврди полскиот премиер Доналд Туск. Тој изјави дека за првпат досега, полската војска соборила руски дронови над своја територија, оценувајќи го настанот како сериозна ескалација. По инцидентот, беше активирана воена операција со учество на полски и НАТО… Продолжи со читање

telma.com.mk